Спијам под дејство на аларм

24.07.2021 11:44
Спијам под дејство на аларм

 

 

Слаткар во Битола ги утепувал луѓето со служење огромни порции сладолед. Го викале Џелато.


Нема правилен начин да држиш диета, и него го изедов.


Излижи ги маталките од миксерот, сите сме гости на овој свет.


Јас да бев витрина немаше да дозволам да ме пунат со ствари „за пред гости“.


И Земјата е најдебела во половината па не гледам да ти пречи.


Човек на човека му е храна за комплекс.


Немаше сок од портокал, тоа беше фантаморгана.

Имам служено војска еднаш кога работев во слаткара.


Станав веган ради кило семки.


Основно својство на симит-погачата е самолебливост.


Би рекла дека светот може и без симит погача, но тоа е само моето скробно мислење.


Плишаните мечиња се на врвот од синџирот на исхрана.


Како станав бајадерист во пешадија?
Деактивирав бонбона.

Ми се спие од тука до утре.


Заспивам за 2 нани-секунди.


Спиј ко никој да не те гледа.


Се разбудив за да проверам дали сум жива.


Го пребарав цел сон за да те најдам.


Зошто ги подзатворам очите кога нешто не можам добро да чујам?

Спијам под дејство на аларм.


Станувам пред алармот пошо тешко прифаќам пораз.


Станав уште пред да биде кул.


Ако спиеме облечени за работа може да си поспиеме насабајле.


Некако многу нагло после спиењето почнува денот.


Ќе ме успие некој или сѐ морам сама?


Колажи: Fitacola

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото