Винтиџ сликовници: Градина од соништата

27.07.21 18:24

 

Сликовницата „Градина од соништата“, со илустрациите на Ернст Крејдолф (Ernst Kreidolf) првпат е издадена во Швајцарија во 1912 година. 

Во седумдесеттите години, издавачката куќа „Green Tiger Press“ издала неколку сликовници од Крејдолф за англиското јазично подрачје, првенствено за САД, меѓу нив и оваа сликовница. 

Ернст Крејдолф (1863–1956) е поет и илустратор роден во Германија. Како млад, Кстудирал литографија, а подоцна го предавал овој занает. За време на Првата светска војна заминал од Германија во Швајцарија. Иако изработувал живописни портрети, мртви природи (претежно со цвеќиња) и понекогаш религиозни дела, најзапаметени се неговите имагинативни илустрации за деца. Крејдолф бил воодушевен од митологијата, тема за која често зборувал и во своите дела обликувал сопствени митови за духовите во природата. Во стил што се одликува со таинственост, тој создал фантастичен свет во кој секое растение е анимирано и секоја градина е населена со добри самовили.

Спојувајќи ги илустрацијата и оригиналните стихови, Крејдолф постигнал голем успех во антропоморфизирањето на растенијата и во откривањето на магичната страна на природата. Во светот на Крајдолф ништо не останува без форма и неживо. Неговите слики го пренесуваат чувството на чудо за секој аспект на универзумот.

Од Оксфорд енциклопедијата за детски литератури: „Една популарна и често репродуцирана слика го ппикажува „Саломонсигел“ (печатот на Соломон), дарежливо и мистериозно растение кое, иако личи на неговиот ботанички имењак, се појавува како еден вид Зелен човек кој им нуди златен синџир на цветните самовили кои го бараат во Градината.

Извор: 50watts.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото