Копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија во програмата „Хоризонти“ на фестивалот во Венеција

28.07.2021 12:42
Копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија во избран во главната програма на фестивалот во Венеција

Република Северна Македонија, по 21 година, со филмот „Вера сонува за морето“ повторно учествува во селекција на најстариот и најпрестижниот филмски фестивал од А категорија, Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, во селекцијата „Хоризонти“.

Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција меѓу „Дрим Фектори“ од Република Северна Македонија (копродуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (коподуцент: Дионис Пападимитри).

Во филмот главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенка на Албанскиот театар во Скопје. Играат и актерите Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други.

Режисерка на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, а кинематографер е Севдије Кастрати. Монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Република Северна Македонија е Огнен Антов.

Вера е преведувач на знаковен јазик, која по самоубиството сопругот, реномираниот судија, Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација самата да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата.

Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, препознавајки ја младата Калтрина Красниќи како дел од новиот млад филмски бран, филмскиот проект „Вера сонува за морето“ главна поддршка доби од „Филмскиот центар на Косово“ и дополнително од „Филмскиот центар на Албанија“.

„Дрим Фектори“ е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери, како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Од последните остварувања на „Дрим Фектори“ е играниот филм „Џган“ во режија на Вардан Тозија, добитник на повеќе награди и учесник на преку триесетина филмски фестивали ширум светот.