Само сакам некој да го расклопиме тракторот на татко ми во тишина

28.07.2021 13:48

јас сум шмекер-девојка
имам ноже во џебот
и жица во брусхалтерот
го ставав срцето под хипотека
сакав да градиме дом
сега не сум сигурна
дали некој од нив ме сакаше
но го пуштив минатото тоа и да остане
јас, татко, прва се пробивам низ снегот
и цветам, како кукурек
бирав храна, останував касно
нема корист од таквите, велеше
а знаеш тато, јас каква жена ќе бидам
јака како лозинка на имејл
нема да се шминкам, ќе се хранам здраво
на моето чело ќе пишува органик
нема да одам сама
ќе бидам девојка-ајдучка трева
онаква каква никогаш не би оженил
ќе издржам кога удираат громови
во трафостаница, кога спикерот зборува
не излегувајте без итна потреба
а пензионерите кршат колкови на тротоар
сама сум, тато, бидејќи сум лутиче-девојка
мелем, ако ме наслониш на кожа
а кога ме држиш предолго, отворам рани
јас сум свежа билка, тато, и суво сум билје
кое на таванот чека да ставиш чај
само никогаш не почувствував дека сум
мајчина или твоја душица
но, простив
тракторот стартуваше в зори и се враќаше
кога ќе падне мрак
не е време
за мене напорно работеа моите родители

 

Препев: Драгица Јорданоска и Звонко Димоски

Радмила Петровиќ е родена 1996 година во Ужице. Завршила Економски факултет во Белград. Како лауреат на 42-ите Лимски вечери на поезијата ја објавила збирката песни „Мирисот на земјата“, а како победник на 22-иот Поетски конкурс „Десанка Максимовиќ“ збирката „Целулозен рокенрол“. Нејзината трета збирка поезија „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ ја објавува во 2020 година.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото