Битка за правото на менструација на работното место

28.07.2021 13:19
Битка за правото на менструација на работно место

  Барем половина од глобалната работна сила ја сочинуваат жени, па сепак, работните места, по правило, не се прилагодени за остварување менструална хигиена. Без оглед дали говориме за откази, црвени ленти или скривање на влошките во ракавот на кошулата за да не се забележи зошто одиме во тоалет, вработените жени не смеат да бидат дискринимирани и казнувани поради нормални биолошки функции на женското тело.

Иако менструацијата обележува значаен дел од животот на секоја жена, таа се премолчува или се стигматизира. Податоците кои ни се достапни се малку, но тие ни сугерираат дека 1.2 милијарди вработени жени имаат менструација.

Од друга страна, недостатокот од сексуално образование придонесува за ширење многу опасни митови за менструацијата (на пример, често се смета дека жената не може за затрудни за време на менструацијата, што е неточно) а менструалните проблеми како болки, грчеви, главоболки, мачнина, дијареа, се нешто за што речиси никогаш не се говори.

Низ светот, менструацијата, иако најнормална биолошка фунцкија на секое женско тело со функционален репродуктивен систем, е проследена со стигма, а во драстичните ситуации последиците од таквата стигма може да бидат прашање на живот или смрт.

Менструацијата претставува сериозно политичко прашање, а достоинственото менструирање е класна привилегија. Не секоја жена може да си приушти влошки, аналгетици, отсуство од работа поради онеспособеност од болки или паузи на работа за навремено менување на влошките.

Менструација на работното место

Менструацијата го обележува секојдневието на половина од човештвото, што не ја прави исклучок, туку напротив, правило. Сепак, фактот дека половина од човештвото просечно седум и пол години од својот живот има менструација не е доволна причина тој процес да биде јавно препознаен како составен дел од животот на секоја жена. Тоа, во најголем број случаи, ќе има негативно влијание на квалитетот на животот на жените, бидејќи менструалните болки не се нешто што лесно се игнорира (неодамнешно истражување покажало дека нивото на болката што ја предизвикуваат менструалните грчеви е еднаква на срцев удар).

Дури не мораме ниту да зборуваме за најлошото можно сценарио, секојдневието на жените што немаат свој дом, иако се случува феминизација на сиромаштијата, а секојдневните деложации ни порачуваат дека која било од нас може да остане без кров над глава. Доволно е да размислуваме за најдоброто можно сценарио, она во кое имаме кров над глава и работа што ни го овозможува тоа, иако сме помалку платени за истата работа.

Црвени ленти, откази и менаџмент на менструална хигиена

Што жената која има менструација може да очекува на работното месо? Може на пример, да очекува, отказ. Во САД, оператерка на линија за итна помош, Алиша Колман, во 2016 година добила отказ бидејќи прокрвавила на работно место и го извалкала тепихот (што потоа го исчистила и дезинфицирала). Ова се случило откако тргнала кон тоалетот поради изненадно менструално крварење. Во Србија, на работа може да носите црвена лента на раката, за вашата надредена да знае дека сте „помалку продуктивни“. Во секој случај, ниту во Америка ниту во Србија не можете да очекувате разбирање за сосем нормална биолошка функција на вашето тело. Работните места не се прилагодени на женските здравствени и хигиенски потреби.

Несензибилираноста на работното опкружување за менструацијата на вработените треба да се набљудува во рамки на управувањето со менструалната хигена, т.н. УМХ, кој го опфаќа пристапот до чиста вода и санитарен јазол, пристапни и соодветни менструални продукти (влошки, тампони итн.), места за нивно користење и фрлање, како и безбедна околина во која жените и девојчињата може да имаат менструација без чувства на срам или стигма.

Кон УМХ можеме да пристапиме на две нивоа. Првото ниво се однесува на материјалните, физички стандарди неопходни за обавување менструална хигиена.

Постојат малку достапни податоци, но тие ни посочуваат дека вработените девојки и жени кои имаат менструација во поединечни региони (Индија, Супсахарска Африка, Јужна Азија) и областите во кои сочинуваат голем процент од работната сила (на пример, земјоделие) се особено ранливи. Не се само жените вработени во земјоделскиот сектор како земјоделки или сезонски работички погодени со недостатокот на УМХ. Жените кои работат во услужните дејното, како возачи или продавачки (во киосци, на тезги), исто така имаат ограничен пристап до санитарен јазол и чиста вода.

Покрај фабричките работнички во Србија кои мораат да носат црвена лента, погодени се и други жени кои работат во фабриките ширум сетот. Околу 60% жени вработени во една текстилна фабрика во Бангладеш користеле парчиња текстил (отпадоци) од подот на фабриката како влошки, што довело до тоа 73% работнички да изостанат од работа поради инфекции.

Второто ниво на УМХ се однесува на општествените норми и ставови за менструацијата и за жените кои ја имаат.

Во контекст на работното опкружување, ова се однесува на подготвеноста на работодавач(к)ите на своите работнички да им овозможат опкружување во кое ќе можат да имаат менструција без чувство на срам (на пример, дека помалку вредни како работнички), и дека доколку за тоа постои потреба, можат своите работни обврски да ги прилагодат на физичката состојба на своето тело во текот на менструацијата, што може да вклучува платено менструално отсуство, флексибилни работни часови и/или работа од дома за време на менструацијата.

Компанијат Nike е првата меѓународна компанија која пред повеќе од една деценија им овоможила на своите работнички платено менструално отсуство. Меѓутоа, менструалното отсуство не е (само)прашање на добра волја на поединечните компании, туку прашање на одговорност на државата која се грижи за своите граѓани. Јапонија е првата земја која во рамки на Законот за работа ја уредила институцијата менструално отсуство, во дамнешната 1947 година, според која на сите жени и девојки кои имаат болен менструален циклус им е овозможено „психолошко отсуство“. Примерот на Јапонија го следеле Јужна Кореја (2001), Индонезија (2003), тајван (2014), Замбија (2015) како и некои делови од Кина (провинциите Анхуј, Шенси и Хебеј).

За жал, институцијата менструално отсуство уредена со закон може да биде злоупотребена од страна на работодавачите како оправдување за смалување на платата и понатамошна дискриминација на жените на работното место како помалку способни поради стигматизација на меструацијата како болест. Менструалната стигма е речиси реципрочна на незнаењето за менструацијата и тегобите кои може да ги предизвика. Кога менструалното тсуство било со закон уредено во Јужна Кореја, мажите се побуниле поради „дискриминиација“.

Дополнително, покрај нападите на жените поради наводните штети на економијата кои ги нанесуваат нивните отсуства од работа поради менструација, може да се чујат коментари дека менструалното отсуство „пуштило 100 години феминизам низ вода“. Оние кои имаат ваков став сметаат дека со менструалното отсуство се имплицира дека жените не се способни за работа како мажите и со тоа повеќевековната борба за еднаквост на жените и мажите се вратила наназад.

Меѓутоа, важно е да не се изгуби од вид дека работното опкружување не е прилагодено на потребите на жените. Разлика во биологијата на жените и мажите постои, а општеството мора тоа соодветно да го препознае, без стигматизација и казнување на жените.


Влошки, тампони и бесплатно кафе

Покрај менструалното отсуство кое мора да биде општествено препознаено како важно и законски уредено, а не оставено на милост и немилост на поединечните работодавач(к)и, можее да се преземат и други чекори кои на жените може да им ја олеснат работата за време на менструацијата. На пример, никој од своите вранотени не очекува на работа да носи сопствена тоалетна хартија и сапун, а некои од приватните компании на своите вработени им нудат и бесплатно кафе. Зошто тогаш од жените се очекува на работа да си носат влошки и тампони имајќи предвид дека тие, иако непотребно скапи, и натаму се поефтини од кафе? Менструацијата не е нешто под контрола на поединечните жени. Жените не можат да одлучат кога ќе имаат циклус (менструацијата може и да подрани и да задоцни) и колку крв ќе изгубат притоа (крварењето варира од циклус до циклус, како и од ден до ден во текот на иста менструација).

Менструацијата ја следи стигма и молк. Истражување од 2015 година, на примерок од 90.000 жени покажало дека на жените им е непријатно да зборуваат за менструалниот циклус со своите колеги: во Јапонија тоа го потврдиле 88% од испитаничките, во Русија 86%, а во Германија 77%. Истражувањето на пазарот на труд во Шведска, спроведено од MENSEN, организација која се бави со рушење на стигмата за менструацијата, покажало дека од 800 испитанички 96.3% навеле дека имале искуства со менструалната стигма на работното место, 57.3% дека менструацијата влијаела на нивната работа, а 42.8% дека би сакале нивното работно опкружување да е поприлагодено на фактот дека имаат менструација еднаш месечно.

Морална обврска на сите нас како поединци, но и колеги и колешки, е да дадеме отпор на менструалната стигма и на вработени жени да им овозможиме својата работа да ја вршат достоинствено и во склад со своите телесни функции.

Како работното место да се прилагоди за менструација?

Имајќи предвид дека кај нас законските измени во првец на менструално отсуство се доста далечни, сопствениците во компаниите или задолжените за човечки ресурси, како и работничките колективи или синдикатите, може да ги преземат првите чекори кон дестигматизација на менструацијата и прилагодување на работното опкружување за потребите на своите колешки.

• На вработените треба да им се обезбедат бесплатни влошки и тампони во случај менструацијата да ги „изненади“, односно им подрани или задоцни.
• На вработените треба да им се овозможи простор за хигиенско менување и фрлање на искористени влошки и тампони.
• На вработените теба да им се овозможи пауза од работа со цел да ја променат влошката/тампонот или, поради болки и грчеви, да почекаат аналгетикот да почне да делува.
• На вработените треба да им се овозможи платено менструално отсуство во траење од еден до три дена секој месец.
• На вработените треба да им се овозможи флексибилно работно време или работа од дома доколку имаат болна менструација која им е пречка за работа на работното место.

Слично: 
Менструација - Лоранс Гијар (од „Речник на телото“)

Кому му пречат стварните жени

Слики: Sarah Maple
Извор:
Masina

Превод: Ф.К.

Слични содржини

Книжевност / Стрип / Теорија

ОкоБоли главаВицФото