Дал’ тагата е од село?

30.07.2021 18:18

треба да се насоберат суви
багремови дрва, да се наложи пампурот
дедо купи еден на пазар
за десет минути би нè истерал од собата
треба да се научи како се цепат дрва
додека си уште дете
што поцврсто ја стегаш секирата толку побрзо
ќе се умориш
плускавци на дланките
би требало да се заземе сопствената душа
како парче земја, да се наводнува со бистрина
да се засади со зимзелени билки
да се исплеви потребата било кој да те
разбере
би требало, дефинитивно, да се засади нешто
би требало срцето да му се даде топтан
некому
кој не меша љубов и акционерско друштво
да се биде среќен, да се биде благодарен на
пампурот
долго време само тој сакаше да ме грее
би требало да се знае дека не е точно
дека Господ на третиот пат помага
прашајте ги моите родители

Препев: Драгица Јорданоска и Звонко Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото