„Чувари на рајот“ - краток филм

31.07.21 10:44

Составен од снимки направени помеѓу 2018 и 2020 година, краткиот филм „Чувари на рајот“ нуди интимен и сензитивен поглед на животот во Мјанмар, поранешна Бурма. Краткиот филм ги прикажува децата како играат на пристаништето, рибарот додека ја влече својата мрежа, свештениците додека практикуваат верски обреди и претставува внимателен поглед на радосните, мачните и секојдневни моменти.

Во режија на Иван Марија Фридман (Ivan Maria Friedman) од Лозана, во продукција на швајцарското студио „Maya Pictures“, со музика на Макс Рихтер, „Чувари на рајот“ е мал прозорец кон југоисточната азиска земја пред воениот удар на 1 февруари, кој беше предизвикан од неосновани тврдења за измама со гласачите по изборот на лидерката на Националната лига за демократија, нобеловката за мир, Аунг Сан Су Чи.

„Во моментот кога им е најпотребно меѓународното внимание, ова дело сака да ја прикаже уникатноста на бурманската култура, како и да сведочи за нивната неверојатна сила, чија вистинска моќ лежи во сочувството, грациозноста, вистинската великодушност и човечкото достоинство “, вели Фридман.

 Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото