Годината на Илинденското востание и во светот ја означи ерата на промени

02.08.2021 15:52
Годината на Илинденското востание и во светот ја означи ерата на промени

Годината 1903 е исклучително значајна за историјата на Македонија и е запаметена по Илинденското востание кое избувнало на 2 август и Крушевската република која траела десет дена. Истата година на 4 мај е убиен револуционерот Гоце Делчев, а во Софија излезе книгата на Крсте Мискирков „За македонцките работи“.

Годината 1903 не само на Балканот, туку и во светот го најави новото доба и во политичка и во технолошка смисла.

На 17 јануари се одржа првото трансатлантско радио - емитување од запад до исток, односно од Соединетите држави до Англија. Таа година во САД првпат во синдикатите влегоа и работници црнци. Во Њујорк се отвори првиот хотел само за жени. Отоманската империја го формираше својот прв спортски клуб „Бешикташ“.

Во Бугарија е отворено пристаништето во Бургас. На 11 јуни, 1903 година, во Белград е убиен српскиот крал Александар Обреновиќ и неговата сопруга, кралицата Драга, потоа на престолот доаѓа династијата Караѓорѓевиќ.

На 16 јуни, Хенри Форд со 28 илјади долари ја формира „Форд мотор компани“, а на 27 јуни, Американката Аида де Акоста станува првата жена која управувала со авион без придружба, летала од Париз до дворецот „Bagatelle“, но веројатно многу поважно - таа година Марија Кири ја освои Нобеловата награда за физика; подоцна стана првата жена која добила две Нобелови награди. Ова беше година кога Норвешка им даде право на глас на жените.

Од 1 до 19 јули е одржана првата велосипедска трка Тур де Франс, Австралија се стекна со правосудна незавсност. Прусија стана втора држава во светот во која стана задолжително да се има возачка дозвола ако се управува со моторно возило.

На 10 октомври, во Манчестер се формираше Социјална и политичка унија на жени ((WSPU) како независно женско движење, а од 1906 членките биле познати како суфражетки кои се бореле за право на жените да гласаат.
Во 1903 година, во САД се појави и Движењето за умереност кое се залагаше за ограничување на потрошувачката на алкохол. Во Висконсин се формираше брендот на моторцикли „Харли-Давидсон“. Со поддршка на САД, Панама се прогласува себеси за независна од Колумбија.

На 17 декември 1903 година, Браќата Рајт го направија својот прв непрекинат авионски лет во местото Кити Хок.

 

ОкоБоли главаВицФото