1028 hPa
28 %
19 °C
Скопје - Вто, 05.11.2024 14:34
Во финалето во скокови во височина двајцата најдобри скокачи, на крајот одлучија да го поделат златниот медал и заедно да го освојат најсјајното одличје.
Мутаж Еса Баршим од Катар и Џанмарко Тамбери од Италија беа израмнети откако без проблеми скокнаа 2 метри и 37 сантиметри. Двајцата скокачи беа совршени додека целта не беше крената на олимписки рекордна висина од 2,39 метри. Двајцата натпреварувачи промашија по три пати.
Судијата им порача дека можат да скокаат се' додека некој не постави подобро време.
Баршим имаше подобра идеја: „Што велите за две злата?“
Откако добија потврда дека тоа е возможно, Баршим само му климна со главата на Џанмарко и двајцата станаа нови олимписки шампиони.
„За мене, доаѓајќи овде, со сигурност знам дека за настапот заслужив зладен медал“, изјави Баршим. „И тој го направи истото, па знам дека и тој го заслужи тоа злато. Ова е повеќе од спорт. Ова е порка која ја пренесуваме на младите генерации.“
Ова е далеку од последната прослава што ќе ја имаат двајцата спортисти, кои се добри пријатели од 2017 година.