Ковид-вакцина во прав

02.08.2021 22:22
Вакцина во прав против Ковид

 
Во светот се' уште се бараат уште поефикасни, побезбедни и поевтини вакцини кои ќе можат да ја стопираат пандемијата.

Шведскиот хемичар Ингемо Андерсон развива вакцина која нема да се применува на класичниот начин преку инјекција, туку доаѓа во форма на прав и е поедноставна и поевтина за производство од другите вакцини на пазарот.

Оваа вакцина би се земала со помош на мал инхалатор. Од компанијата Inocovo, која е заинтересирана за производство, велат дека производството би било многу лесно и со ниски трошоци.

Вакцината во прав би можела да биде самостојно консумирана од корисникот без помош на лекар. „Доволно е да се отстрани малиот пластичен дел и потоа инхалаторот е активиран. Треба само да го ставите во уста и длабоко да вдишете“, појаснуваат од компанијата која е заинтересирана за производство на вакцината.

Компанијата Iconovo склучила партнерство со шведскиот стартап ISR кој се бави со имунолошки истражувања и кој ја развил вакцината против Ковид-19 во прав. За разлика од моментално достапните вакцини, вакцината во прав користи произведени протеини на вирусот САРС-КоВ-2 и може да поднесе температури до 40 степени Целзиусови.

Досега одобрените вакцини од СЗО се во течна форма и тие се многу тешки за складирање бидејќи бараат многу ниски температури за да се задржи нивната ефикасност.

Моментално ја тестираат ефикасноста на вакцината на алфа и бета варијантата на вирусот, а ќе помине некое време додека да успеат да ја докажат нејзината ефикасност. Имено, досега вакцината е тестирана само на глувци, иако се собрани средства за почеток на кличничките тестирања и на луѓе.

Извор: World Today News

ОкоБоли главаВицФото