Животот е сурогат бајка

03.08.2021 16:30
Животот е сурогат бајка

 


Нема нешто помало у мои очи од Пиколомини.


Пиперчињата учат у ЧИЛИште.


Корнетите учат во сладолетка.


Газозата е сок газиран на вистинска пригазна.


Виножито е облаче што лобува.


Сончоглед е првиот мониторинг систем.


Ја обвинија светлината за криумчарење на сенки.


Животот е сурогат бајка.

 

Снежана и седумте judgeиња.


Жена со широки кукови - кукла.


Ако претпоставиме дека постои личност која е понететкаста од тетичка, тогаш таа би била хипотетичка.


Девојките со мали цициња имаат убав грб.


Можам само тивко да ги прижељкувам кондуриве, но не и да си ги приуштам - едноставно се немоGUCCI.


Кој ја има мојата вуду кукла, нека ѝ се извини.

 

Колку и да трошиш на игри на свеќа ќе си бидеш све ќар.


Каков е човек што многу пцуе? Псуеверен.


- Кое е животноно што моча?
- ЈазоВЕ-ЦЕ.


Права била уверена дека е тангента, но подоцна сфатила дека е под хипнотенуза.


Не можам да не ја најдам иглата во сеното, ми боде очи.


Реченицава не знае да заврши, однесете ја на точкар.

Колажи: Dani Sanchis

 

 

ОкоБоли главаВицФото