1014 hPa
73 %
18 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 04:59
на плафонот на њујоршката централна железничка станица
соѕвездието на рибите и соѕвездието на ракот
прикажани се во одразот на огледалото.
така низ нив би нè набљудувал
господ.
но тој не гледа.
тој е уметник-аматер.
продава по туристичките места
мали пејзажи на кои небото е чисто до тлото.
своите дела
тој не ги потпишува.
Превод: П. В.