Македонските антиглобалисти потпишаа протокол за соработка со колегите од целиот свет

05.08.2021 22:04
Македонските антиглобалистите потпишаа протокол за обединување и соработка со колегите од целиот свет

 
  Група антиглобалисти од Македонија вчера одржаа Скајп конференција со колегите од Америка, Русија и Јапонија на која ги прецизираа сите детали околу заедничкото делување против глобализмот. Потоа дигитално потпишаа меморандум за соработка, кој е јавно достапен на интернет за сите луѓе ширум светот кои сакаат да се придружат.

„Глобализмот е зло кои не’ јаде со децениии наназад, за што доста зборувавме последниве неколку години на сите глобални социјални мрежи. Во светот постојат многу политички опции кои се залагаат за антиглобалистички идеи, но досега не соработувале. Ние потпишавме прокотол за соработка и на чекор сме од основање голема алијанса“ – рече претставникот од конференцијата, додека го гледаа луѓе од целата планета.

„Една од главните цели ни е да го обединиме светот во борбата против глобализмот. Само глобално обединети ќе можеме да ги намалиме поединечните трошоци за делување, но и да обезбедиме значајни извори на финансирање, кои се неопходни за промоција на нашите ставови.“

Според него, меѓународната антиглобалистичка алијанса сака да избегне банкарски картел за локални финансирања, а за секоја членка финансиите претставуват голем проблем при предизборните активности. Основањето алијанса во многу аспекти ќе ги олабави буџетите, а освен тоа, благодарение на интернетот и на мобилните технологии кои сега го поврзуваат целиот свет, членките еднаш неделно ќе имаат состаноци на кои ќе разменуваат искуства.

„Договорот е секоја членка поединечно, во својата земја, да ги поништи сите трговски договори, да ги елиминира влијателните меѓународни корпорации и да забрани меѓународни воени операции.“

Како што неофицојално дознаваме, во тек се завршни преговори со кинеското антиглобалистичко движење кое би помогнлао околу печатењето пропагандни материјали, бидејќи има сопствена печатница, со најевтина цена за печатење во светот.

Првата официјална Скајп конференција за медиуми за новооснованата меѓународна антиглобалистичка алијанска ќе биде одржана кон крајот на годината.

Извор: Njuz