Јужно од Јукатан (или Кочани)

06.08.2021 15:35

Никој не умее да зборува на пламени јазици.


Додека љубовта умира
во селските Аргулички плевни
вие создавате збунет змеј
и нов Прометеј,
одново станувате древни,
го притискате светот
за да стане рамен


и се обидувате да ја згаснете водата
со пламен.


Дишењето
ќе ме убие.
Ќе ме согори како кислород
или како океан над гасовод
или човечки род
но, помеѓу овој под
и свод
мојот здив
е див,
јас сум жив,
ве гледам со огнено око
и иако сум само семе и плот,
иако сум само малку пепел и прав


не ми е страв.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото