Што има Албанија, а што нема Македонија

07.08.2021 14:06
Што има Албанија, а што нема Македонија

Во 2017 година, со помош на УНЕСКО и на Министерството за култура, Националниот центар за инвентарисување на културното богатство од Тирана објави Каталог на изгубени предмети од културното наследство во Република Албанија. Опфатени се 30 институции и 1 приватна збирка.

Некои од „исчезнатите” објекти од културното богатство се претставени со фотографии (во боја или црно-бели), некои се цртежи, а некои само со инвентарските броеви. Институциите пријавиле дека 2249 предмети исчезнале, но вистинската бројка е поголема.

„Најголемите штети на локациите на културното наследство се случија во 1997 година како последица на масивната кражба и уништувањето на културното богатство во Албанија од криминалци кои сакале да профитираат користејќи критичната безбедносна ситуација. Дел од музејската мрежа бил разурнат и ограбен,” пишува во предговорот на Каталогот. Но, кражбите почнале во 1991 и траеле до 2008 година. Значи, периодот на незавршена и криминализирана транзиција која си трае и во Македонија.

Културата и културното наследство се еден од столбовите на идентитетот. Архивите, музеите, галериите, археолошките локалитети, верските објекти, спомениците, бистите, спомен-куќите и спомен-плочите, тоа е темелот на одбраната пред обезличувањето на Македонците прогласени за новокомпонирана нација. Или уште полошо, „тиква без корен”.

Културното наследство кај нас е загрозено од варварството на транзициските богаташи кои, рака под рака со партиските врхушки, македонски и албански, кои ги уништуваат и културното наследство и животната средина. Тие се варварите на 21 век.

Ако не можеме сами, треба да побараме експертска и финансиска помош, а не да бараме УНЕСКО да ни прогледа низ прсти додека не го доуништиме она што го граделе поумни од нас.

За пожарот во кој изгореа фреските на Борка Лазески не беше казнет никој. На Калето и денес стои онаа бетонска грдотија на местото кајшто груевци сакаа да градат куќи. Во Велес паѓа староградската архитектура, во Охрид сопствениците на куќи во старото јадро одбиваат куќите да бидат заштитени како културно наследство.

Извор

 

ОкоБоли главаВицФото