Во Малеш досега изгореа над 50 квадратни километри!

10.08.2021 10:46
Во Малеш досега изгореа над 50 квадратни километри!

50 квадратни километри and counting! Толку е опожарено, мање више целата планина Средна (шуќур шо ја делат три општини Берово, Пехчево и Делчево) инаку уше потрагично ќе им изгледаше на локалците.

Не ни е прв пат шумски пожар во Малеш! Ги имало многу, главно предизвикани од „шумска мафија“ на која шо ѝ треба quick buck. Борова шума брзо гори и кога е помал пожарот стеблото останува „здраво“ под изгорената кора, односно здраво за градежен материјал. И за овој пожар Малешевци се убедени дека некој ненаш ќе го собере кајмакот.

Eве, и на моето пошироко семејство (племе) ни изгоре цел голем рид (Криви Бор) пред децении, намерно потпален со тракторска гума наполнета со партали потопени со бензин. Мислам дека и го фатија типот.

Секој муж шо го знам одовде барем еднаш учествуел у гасење пожар и не е дека не знаат како се праи тоа, исто и за превенција знаат, со правење голи појаси меѓу шумски парцели, иако сеа тоа е баталено. Исто кажуат и дека секогаш досега со сопствените противпожарни служби (тие исмеваните фаповски-шмаповски) успевале да ги угасат пожарите, у најлош случај со помош на уше една комшиска.

Така и за овој пожар шо почна на Пасјак кај Истевник, некој неодговорно или намерно не дигна џева уше одма, очекувајќи нешто познато и релативно лесно средљиво, чак можда и профитабилно ал‚ шипак.

И на нашите и чуждите пожарникари укључени у негово гасење ова им е најголемиот пожар што го доживеале (значи сите се уше живи) и опасност уште постои, (настрана заштитата на селата) да се пребаци и у другата половина на Малеш и надоле на југ.

Не ми се биднуе ни саркастична па да ги прашуам социјално мрежниве експерти, колку пасати минус ќе ја сределе работава, колку ноќни хеликоптери, имавме еден, над глава ми пролета тука баш у Берово на чаршија пред тие неколку години пред да се здрви таму долу у струмичкото, и сите скришно оговараат дека изглеа припита била посадата па се курчела, смртоносно, и со голема загуба и у пари и опрема, или кој тоа „Шиптар“ ни дошол да не‘ запали оти у западна Македонија не горело, да, ама и приврнало малце изглеа.

Овде речиси два месеци капка дожд не падна, тревана и у град кај што не се полива не само шо е жута ко смил, него крцка и ко стаклена прашина под ноги. Со ноќи не спијам од жега, незапаметена ваму на планина, почнав и да наслушнуем мртва тишина со саати, и дека, не само што ни џукци више цела недела не лаат до 4 сабајле, него ни пилци више не пеат (со сасвим ситни исклучоци) после нив у 5, па си параноишам дека и они осеќаат дека сме doomed.

Само да поновам, изгореа негде 50км квадратни, повеќето борова и дабова шума, and counting.

Geddit!
 

ОкоБоли главаВицФото