Винтиџ сликовници: „Книга со азбуки и родендени“

10.08.21 13:46

Во 1939 година, Гертруда Штајн ја напиша својата прва книга за деца „Светот е тркалезен“.

Следната година таа напиша продолжение, насловено „Да се направи: Книга со азбуки и родендени“ (To Do: A Book of Alphabets and Birthdays). Но, ниту еден издавач не сакал да го прифати ракописот со образложение дека е премногу сложен за деца. Книгата не била објавена за време на животот на Штајн.

Во 1957 година, повеќе од една деценија по нејзината смрт, Универзитетот Јеил објавил верзија на книгата, само со текст, а во 2011 година, повеќе од половина век подоцна, беше објавена првата илустрирана верзија, која соодветствувала со првобитната визија на Штајн. Авторка на извонредните илустрации е уметницата Жизел Потер (Giselle Potter), илустраторка на списанието „Њујоркер“.

Кога излегла нејзината прва книга за деца „Светот е тркалезен“, Штајн рекла: „Не грижете се за запирките што ги нема, прочитајте ги зборовите. Не грижете се за чувството што е таму, прочитајте ги зборовите побрзо. Ако имате некакви проблеми, читајте брзо и уште побрзо додека не ги снема“.  

Извор: brainpickings.org