Необична сликовница: „Животот не ме плаши“ од Ангелу и Баскијат

13.08.21 10:59

Стравот е непријател на креативноста, жариште на просечноста, пречка за совладување на животот. Малкумина толку достоинствено го отелотворуваат пркосењето на стравот отколку Маја Ангелу, која во својот живот поминала големи тешкотии - силување во детството, сиромаштија, зависност...за да стане една од најпознатите писателки на денешницата.

Како и голем број други прочуени автори за „возрасни“ кои пишувале и за деца, меѓу кои Силвија Плат, Ен Секстон, Вилијам Фокнер, Џејмс Џојс, Вирџинија Вулф, Т.С Елиот, Мери Шели, Лео Толстој, Оскар Вајлд, Олдос Хаксли, Гертруда Штајн, Салман Ружди или Јан Флеминг, така и Ангелу во своето творештво има еден скапоцен камен од 1993 година - песната „Животот не ме плаши“.

Како сликовница ја  замислила и ја уредила Сара Џејн Бојерс. Таа ги поврзала едноставните, силни зборови на Ангелу со цртежите на легендарниот уметник Жан-Мишел Баскијат, чиј препознатлив стил на детска фантазија и живописен емотивен интензитет совршено им одговара на охрабрувачките стихови на Ангелу.

Shadows on the wall
Noises down the hall
Life doesn’t frighten me at all

Tough guys fight
All alone at night
Life doesn’t frighten me at all

Panthers in the park
Strangers in the dark
No, they don’t frighten me at all.

Don’t show me frogs and snakes
And listen for my scream,
If I’m afraid at all
It’s only in my dreams.

Life doesn’t frighten me at all
Not at all
Not at all.

Извор: brainpickings.org

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото