За „аполитичноста“ на Лакан

20.08.2021 11:32
За „аполитичноста“ на Лакан


Што се однесува до аполитичност на Лакан, таа не била знак на незаинтесираност за политички прашања, напротив. Одбивањето на секој личен ангажман ја имало како последица отворената фасцинираност со најекстремните облици на извршување моќ: хипнотичките моќи на диктаторите, преносните моќи нас гуруата, манипулаторските моќи на тираните, умоболните моќи на лудилото кога тоа на власт. Накусо, тој човек кој и самиот тежнеел да стане водач, наоѓал задоволство во посматрањето или коментирањето на начинот на кој господарите ги потчинувале масите и на кои масите доброволно им служат на господарите.

***

Кога зборуваме за Лакановиот структурализам, тој почивал на идејата дека вистинската човекова слобода произлегува од свеста на субјектот за потполната неслобода и тоа заради несвесните детерминанти. За Лакан овој облик на фројдовската поделена самосвест (кој, според него, својот зачеток го има во картезијанскиот сомнеж) е многу посубверзивен од верувањето ‒ она на Сартр, на пример ‒ во некоја можда филозофија на слободата.

***

Со други зборови, Лакан ја повторил хипотезата според која лудакот е оној кој има до таа мера точно гледиште за лудилото што лудилото за него не е некоја „реалност“ туку е тоа вистината која човек ја носи во себе како ограничување на сопствената слобода.

***

Како англофил кој чувствува огромна одбивност спрема револуциите, Лакан секогаш повеќе ја сакал добро спроведената реформа отколку бунтот. Меѓутоа, иако бил човек кој значајно се држел до ставовите на Токвил (Tocqueville) за демократијата, на таквото негово држење постојано му противречеле неговиот карактер и содржината на неговото учење. Колку и истрајно да ги бранел традиционалните институции, тој со својот говор, појава и со своето однесување само ја разгорувал своевидната јакобинска восхитеност. Така тој, за младите француски психоаналитичари од периодот на 1950-ите, станал гласноговорник на снажниот копнеж по револуција.

***

Родена од кризата на западното општество, психоанализата ‒ според стојалиштето на Лакан ‒ на ниеден начин не смее да стане средство за прилагодување на човекот кон општеството. Со оглед дека потекнува од светскиот неред, психоанализата е осудена да живее во светот и нередот да го промислува како неред, пореметување на свеста. Токму поради тоа, во истиот миг кога го артикулирал ова начело според кое секој субјект е одреден со своето припаѓање на симболичкиот „поредок“, Лакан ја изнел и тезата според која субјектовото признавање на ова припаѓање всушност е изворот на исконскиот расцеп и на неизбежната невроза.


Слики: André Masson
Извор: Jacques Lacan, Приказ једног живота и историја једног система мишљења - Elisabeth Roudinesco; Karpos, 2020
Избор и превод: П. В.

Слични содржини

Психологија / Теорија
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Психологија / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото