Нови дела на Банкси

24.08.21 11:04

Новите десет дела на Банкси насловени „A Great British Spraycation“ неодамна се појавија низ крајбрежните градови во Англија и се духовити толкувања на летните одмори.

Краткиот филм објавен на Инстаграм покажува дека анонимниот уметник се вози низ Норфолк и Сафолк и слика  мурали на деца кои си замислуваат авантури на море, метална канџа која се спушта над клупа и двојка што танцува врз автобуска станица.

Муралите се сатира на идејата за „престој“, неопходна алтернатива на традиционалните летни одмори за време на пандемијата и ограничувањата за меѓународни патувања по Брегзит. Случајно или можеби намерно, три од градовите во кои уметникот ги изработил своите дела - Грит Јармут, Горлстон и Лоустофт - се натпреваруваат за Град на културата во Обединетото Кралство за 2025 година.

Извор: thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото