Жените во Авганистан пред талибанците

24.08.2021 10:57
Жените во Авганистан пред талибанците

Шармантни и модерно облечени, слободни и со кренати глави- така изгледале жените во Авганистан некогаш. Овие фотографиите се направени во 1960-тите и 1970-тите години во главниот град, Кабул.

Оваа фотографија, направена есента 1962 година, прикажува две авганистански жени пред зградата на Радио Кабул. Всушност, жените во Авганистан за првпат добиваат права во 1920-те години за време на владеењето на кралот Аманулах. Била промовирана еднаквост на жените, а семејствата биле охрабрувани да ги испраќаат своите ќерки во училиште.

Иако обидот да ги интегрира жените во општеството на кралот Аманулах завршува неуспешно, таквата политика продолжува повторно по Втората светска војна. Во 1959 година за првпат две жени се „откриваат“ во јавност- тоа се кралицата Хумаира и принцезата Билкис. Примерот потоа го следеа и многу други жени во урбаните средини, како овие студентки по медицина во Кабул во 1962 година.

Две студентки по медицина разговараат со својата професорка. Фотографијата е снимена во 1962 година во Кабул. Уставот од 1964 година им дава еднакви права на жените во Авганистан, иако дел од нив и претходно можеле да се вклучат во општествениот живот.

На оваа фотографија од 1967 година се четири модерно облечени жени пред зградата на аеродромот во Кабул. Сепак, ваквите слики биле забележувани само во урбаните центри на земјата. Во руралните региони, жените ретко уживале какви било права поради патријархалните сфаќања и племенските обичаи.

Ова е женскиот персонал на државната авиокомпанија „Аријана Афган Ерлајнс“ фотографирани во 1970-тите години.

Правата на жените во Авганистан доживуваат процут за време на комунистичкото владеење од 1978 година. Се прави обид таквата политика да се прошири и на руралните региони каде истата наидува на жесток отпор од конзервативците. На фотографијата: мајка со своите две деца во Кабул.

Студентки и студенти во Кабул во 1981 година: Советската окупација на Авганистан претставува еден од најтешките периоди за земјата, но комунистичката управа им дава еднакви права на жените и го форсира нивното образование и вработување. До 1991 година повеќе илјади жени биле дел од процесот на високо образование- имало 190 професорки и над 22 илјади учителки.

Правата на жените им се одземени по крајот на граѓанската војна во 1996 година и прогласувањето на Исламската држава. Под власта на талибанците, жените мора да носат бурка и да бидат придружувани од член на семејството. Дури и по падот на талибанците, многу жени плашејќи се од последиците продолжуваат целосно да се покриваат.

Извор: Дојче веле