Почина Чарли Вотс од „Ролинг стоунс“

25.08.2021 09:51
Почина Чарли Вотс од „Ролинг стоунс“

Чарли Вотс беше член на „Стоунси“ од основањето од 1963 година до крајот на животот. Почина на 24 август во Лондон. 

Чарлс Роберт Вотс е роден на 2 јуни 1941 година. Учел за графички уметник, почнал да свири тапани во лондонски ритам и блуз клубови, каде ги запознал Брајан Џонс, Мик Џегер и Кит Ричардс. Во јануари 1963 година им се придружил на „Ролинг стоунс“, а во исто време бил и дизајнер на нивнити плочи и сценографии за турнеи. Тој, заедно со Џегер и Ричардс учествувал на нивните студиски албуми. Не криеше дека џезот многу влијаел врз неговиот стил на свирење.

Во 2006 година, Вотс беше избран во Алејата на славните „Modern drummer“, а истата година „Венити фер“ го избра за листата на меѓународно најдобро облечен во Алејата на славните. Списанието „Ролинг стоунс“ го смести на 12-то место на 100 најголеми тапанари на сите времиња.

„Всушност никогаш не сум бил заинтересиран за сите тие работи (шоу бизнис) и сè уште не сум", рече тој во интервју за „Диего Трибјун“ во 1991 година. „Не знам што е шоубиз и никогаш не сум гледал еМ-Ти-Ви. Има луѓе кои само свират инструменти, и задоволен сум што знам дека сум еден од нив“.

„Тој беше уникатен, иконичен тапанар (и танчер)“. „Неговиот едноставен стил беше лекција за сите нас“, напишаа неговите колеги музичари.  

ОкоБоли главаВицФото