Во слава на мравките, суштествата кои главно не ги гледаме

26.08.2021 09:09
Во слава на мравките, суштествата кои главно не ги гледаме

 



 Говори многу за нас, вели ентомологот Еленор Спајсер Рајс во воведот на новата книга фотографии на мравки на авторот Едуардо Флорин Нигa, дека арогантните луѓе, другите, мали и далечни луѓе ги опишуваат како мравки. Со тоа сакаме да кажеме дека тие немаат никакви лица, дека се малечки, дека брзаат; дека тоа е една маса која е тешко да се протолкува. Но, интелектуално, веројатно можеме да сфатиме дека секоја од тие забрзани точкички е всушност личност со сопствен комплициран живот. Зошто тогаш, се прашува оваа научничка, не ја користиме истата логика кога размислуваме за мравките?

Планетава ја делиме со најмалку 15 000 различни видови мравки. Тешко е и да се опише колку се тие сепристутни. Ако на една вага го ставите целиот животински свет од бразилската прашума, повеќе од четвртина од вкупната тежина би отпаднала на мравките. Дури и тротоарите во Њујорк изобилуваат со нив. Една студија заклучила дека во секој град на планетата живеат 2.3 ралични видови мравки, кои ја обавуваат сета онаа невидлива работа на чистење фрлени чипсови и сендвичи. Дури и во најнаселените места на светот, количински и бројчано гледано, ги има многу повеќе од нас.

Ако дистанцата ни оневозможила навистина да ги видиме мравките, фотографиите на Нигa во делото „Ants: Workers of the World” (Мравките: работниците на светот) се противотров за тој пристап. Со макрофотографија која го прикажува секое влакно, секоја спирала (порите во нивните егзоскелети, низ кои дишат) и секој дел од нивните сложени очи, тоа се интимни портрети на овие животни.


Кога толку ќе им се приближите, гледате дека мравките имаат толку различни облици и стилови и лица што е тешко да не им се даде човеколикост. Така на пример, Messor barbarus, мравка која јаде житарки, со плоската вилица и свиткан егзоскелет личи на старица. Во некои други случаи, додатни истражувања не’ опоменуваат дека не треба да им веруваме на првите впечатоци. Cephalotes atratus изгледа како злобница од Саурон во својот оклоп, но научниците веруваат дека нејзините боцки всушност имаат исклучиво аеродинамична улога.

Polyergus има широко лице, округли очи и висечки мандибули кои изгледаат како да се смее, но всушност нејзината вилица е толку остра што не може да ги подигне сопствените ларви. Наместо тоа, таа упаѓа во колониите на други мравки и ги заробува нивните кралици да ѝ ги подигнат младите.

Др. Еленор Спајсер Рајс ги нарекува мравките „Баухаус на креациите на природниот свет“. Како архитектонскиот принцип во кој формата служи на функционалноста, секоја адаптација на мравките ни покажува животни со многу малку простор за екстраваганција.


Природонаучникот Едвард Вилсон рано во својата кариера го сфатил ова. Еден ментор му пратил приказна за група мравки со чудни издолжени мандибули кои може да се затворат, како некои замки. Се покажало дека мравките јаделе еден вид ситни бубачки, хексаподи кои можат себе да се фрлат низ воздух за да избегнат предатори, но не доволно брзо за мравките.

Фотографиите на Ниге ги прикажуваат овие мравки со вилици налик на сабји; некои успеваат да ги затворат за десетина милисекунди, со брзина од 230 километри на час.

Постојат многу причини да се потрудиме подобро да ги разбереме мравките. Цели екосистеми се изградени околу нив, а голем број видови, од билки, преку бубачки, до птици, целосно се потпираат на својот однос со колониите мравки за преживување. Мравките од видот Aphaenogaster fulva ги расфрлаат семињата на зелјастите билки низ Северна Америка.

Извор: Le Monde Diplomatique

Слични содржини

Наука / Екологија / Живот
Наука / Живот

ОкоБоли главаВицФото