„Елен“- анимиран филм

30.08.21 12:51

Краткиот анимиран филм „Елен“ (Ciervo) се занимава со домашното насилство и е трогателна приказна за едно девојче кое се претвора во елен, обидувајќи се да побегне од болната реалност.

Режисерка на филмот е Пилар Гарсија-Фернандесесма (Pilar Garcia-Fernandezsesma) од Њујорк, која за овој филм има добиено повеќе од 20 награди и признанија на светски фестивали за анимиран филм. Нејзините дела се движат помеѓу фикцијата и фантастиката, поетски и метафорични, и честопати се занимаваат со меморијата и човечката интеракција поврзана со теми за жените и женскоста, семејството и природата.

Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото