Конкурс на КСП „Центар - Јадро“ за изработка на мурал на фасадата на центарот

31.08.2021 09:34
Конкурс на КСП „Центар - Јадро“ за изработка на мурал на фасадата на центарот

КСП Центар - Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран во периодот септември-октомври 2021 година.

Зошто мурал?

Со овој отворен конкурс Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

Насоки за конкурсот:

КСП ЦЕНТАР - ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Дел од целите на соосновачот, Асоцијацијата Јадро, за формирање на установата од областа на културата КСП Центар-Јадро и нејзиниот простор кој е достапен и отворен за независната културна сцена се учество на заедницата, децентрализација, отвореност за нови социо - културни процеси, взаемна поддршка и солидарност.

Новиoт модел на институцијата е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и мисла, и новите облици на создавање социо-културни заедници. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување , разноликост и инклузивност.

 

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар - Јадро.

 

Технички податоци:

На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р С. Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи.

КСП Центар - Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 25.000 ден.

Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата.

Планиран период за изработка на муралот е во периодот помеѓу 15 септември до 15 октомври.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

 

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина 10 MB на мејл адресата centar.jadro@gmail.com, најдоцна до 15 септември 2021 со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата centar.jadro@gmail.com

 

 

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Балкан / Уметност
Јавни простори / Европа / Уметност / Настан
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото