О колку убаво точак си возам

01.09.2021 09:25

Ни свој ни туѓ живот јас не бев сфатил добро
Тајни нешта во мене се одвиваат
Ги напуштив сите за потполн да сум
И од мали нозе знам само за сонување
Си велам себеси види го светов
Нели е убаво си кажувам јас
Види кој си веќе ти дошло време
Детенце си бил сега веќе не си
Си се плашел а сега повеќе не
Внатре постои збрката страсна
Ко ниедна друга мирна и јасна
О колку убаво точак си возам
И светот сонцето на патот правта
И куќите децата цвеќето ‒ овде се
Сега точакот си го јавам кроце
Левата нога пропаѓа кон тлото
А десната лета в небо весела
па кон земјата радосно тргнува
О колку убаво точак си возам
Пресреќен го набљудувам овој свет
Дрвја грмје и асфалтен тротоар
Покрај мене сè лесно пролетува
Животот вечен овој живот минлив
И земјата цвета под мојот поглед
Присебен живот поглед разгалува
Десната кон тло левата кон небо
Левата кон тло десната кон облак
За животот краток за живот минлив
О колку убаво точак си возам.

Препев: Исток Улчар

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото