Промоција на книгата „Your Love is King“, во рамки на фестивалот КРИК

02.09.2021 12:22
Промоција на книгата „Your Love is King“, во рамки на фестивалот КРИК

  Денес, во 20:00 часот, во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Your Love is King“ на Еспи Томичиќ. Промоцијата ќе се одржи во рамки на КРИК-фестивалот за критичка култура. Разговорот ќе го води Петар Милат, а извадоци од текстот ќе чита Тамара Ристоска. На македонски јазик драмата ја преведе Никола Гелевски.

„Your Love is King“ на авторот Еспи Томичиќ е драмско дело, со специфична структура на бел стих, повеќе пати наградувано. Овој текст претставуа интимен монолог на транс лице за соочувањето со процесот на умирање и со самата смрт на мајка му. Иако ваквите дела можат да бидат корисни за ширење на транс-политиката, историјата и културата, драмата на Еспи отвора ново поглавје за уметничко изразување, кое е автореференцијално и автоперформативно. Она што е значајно за контракултурниот контекст е вградувањето на сопственото искуство. Воедно, од драгоцено значење е постапката на алтернативно прикажување на емоционалните и фактичките процеси на личноста која е принудена да се вклопи во буржоаските норми, во кои „транс“ наликува само на тренди изрека од Сексот и градот.

-----

Еспи Томичиќ е млад драмски писател на хрватската театарска сцена, но веќе привлече внимание за неговите три високо признати претстави.
Студирал драматургија на Академијата за драмски уметности во Загреб во 2015 година, а потоа и на двогодишна образовна програма на Центарот за женски студии во Загреб (2018). Тој е редовен соработник на МИ2-МаМа. За време на пандемијата во 2020 година беше дел од ко-организаторскиот систем на солидарност за достава на храна, лекови и други добра за бездомни стари лица во Загреб #JedniZaDruge, но, исто така, таа година ја објави и својата прва печатена публикација “Your Love is King“, за која КУФЕР ја изведе онлајн претстава. 

Тој е добитник на Наградата на Центарот за женски студии, Загреб за делото “Refleksije“ и на третата награда за драмско дело “Marin Držić“.

ОкоБоли главаВицФото