Нов живот на старите фотографии

02.09.21 12:54

Фотографиите  го доловуваат моментот во времето, дестилирајќи го во статична слика која останува во иднината. И додека денешните фотографии со висока резолуција фасцинираат со деталите и живописната боја, има нешто исто толку фасцинантно во старите црно-бели слики. Тие нудат ексклузивен поглед во минатото, во историските моменти и откриваат каков бил животот во минатите години. Црно-белите фотографии  како да се случиле во некој далечен универзум, а не во не толку далечното минато. Но, како би изгледале тие фотографии  во боја?

Францускиот уметник Себастијан де Оливеира (Sébastien de Oliveira) одговара на тоа прашање боејќи ги старите црно - бели фотографии. Тој собирал слики од музејските и интернет архиви, како и стари негативи што ги имал неговиот пријател. Оваа негова креативна преокупација и страст ги спојува сликарството, фотографијата и историјата. Се чини дека сликите оживуваат и изгледаат свежо и модерно. Неговите  репродукции во боја нудат поинтимен поглед на минатото, отстранувајќи го црно - белиот превез на далечната љубопитност и откривајќи нешто познато и блиско. 

„Она што најмногу ме инспирира не е само потрагата по убава црно - бела фотографија, туку да напрвам збирка на фотографии во боја, кои за мене стануваат резервоар на референци“, вели авторот.

Извор: mymodernmet.com

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото