Во кругот на месечината

02.09.2021 14:47

Пее вечерва вагинава
зелена детска песна
шепоти околу огнот
во нишите од лулките.

Вечерва вагинава колне,
зборува во името на сите жени
на мајките, на вештерките, на сестрите
дури татне со Кали и Инана

a потоа во пурпур плаче путката,
одново и одново обљубувана во ноќта
сред ќорсокаци – претензија кон
навредениот фалус – злоделото никогаш не е наситка
за големото животно.

Во кругот на месечината мојава вулва вечерва пламти
со пулсовите на светот, на пичката, на путката
на светиот плашт – матрицата
се упокојува вечерва плачот на пупунците и крстовите
се стивнува и ветрот. Спокојна сум

мистеријата ме воспалува вечерва

Превод и препев: Горјан Костовски

Лучила Трапацо (www.lucillatrapazzo.com) е поетеса, актерка, критичарка и преведувачка. Родена е во Италија, а живее во Швајцарија. Дипломирала германска книжевност во Рим, а магистрирала филм и видео во Вашингтон. Нејзината библиографија е богата со поетски збирки и антологии, работилници за глума и филм и видеоинсталации објавени и презентирани во многу земји во светот.

 

ОкоБоли главаВицФото