Ова го може и болва

06.09.2021 13:24

Дрдрдрт, цгѕ!, вракулна Здратлок.
Нмнмб!, класукна Адхок.
Фрфрњаш ги-ља? Гоп!, хфрагна Ќшфтак,
Вцвцфошо!, гѕгна дојранскиот фук-так.

Какви стихови се ова?
Ова го може и болва!
Вака пишува штркот слеп
што замок си гради од леб.

Трфк-мрфкт, фропѕс-љанхф'ф,
бвцџзаѕуопш, брадфтфкфн'рф
- секој знае да зборува така,
од мушичка до морска петокрака!

Ќе почнам да пишувам, жими осилово,
прекрасни песни со моливче мастилаво
- зујна една намуртена оса,
зиме и лете што си шета боса.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото