1010 hPa
82 %
11 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 09:59
_30.jpg)
Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021” ќе се одржи в петок (10 септември) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово. Организатор на фестивалот е Фото-кино клуб “Козјак” - Куманово.
На фестивалот ќе бидат прикажани 10 кратки филмови во вкупно времетраење од 2 часа и 40 минути. Филмовите се наградени за режија, кинематографија, сценарио, а од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм официјално селектирани од трочленото жири: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематографер) и Дејан Ангеловски (фотограф).
Публиката која ќе дојде на фестивалот ќе може да ги види иранскиот „Посета“ (награда “Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија), филмот „Лека ноќ“ од Гана, добитник на наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија, и „Сведок“ (Иран) почестен со награда „Козјак“ за најдобро сценарио. Македонскиот краток филм „Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска е добитник на наградата за најдобар македонски (домашен) филм.
Дополнителни филмови кои ќе се прикажат се: НИМИЦ, Кога танцувам, светот трепери, Добро, благодарам. Ти?, Бонобо и Тивкоста на реката. Заедно со наградените и официјално селектирани филмови, ќе биде проектиран и краткиот филм Околу нас по сценарио и режија на Стефан Павличек.
Фестивалот е планиран да почне во 19 часот, а влезот за посетителите ќе биде слободен.
Бесплатни билети ќе може да се подигнат пред влезот на Центарот за култура на ден на фестивалот од 18:00 часот. Публиката во салата ќе може да влегува од 18:30 часот.
Согласно важечките здравствени протоколи, на настанот ќе може да присуствуваат лица кои ќе покажат важечки вакцинален сертификат.