(Тоа можеш да го забележиш само од далеку...)

07.09.2021 18:03

Тоа можеш да го забележиш само од далеку
дека и времето пишува со лева рака
Kрстозборите ги решава бавно, секогаш хоризонтално
вертикалните загатки ги препушта
на неизбежните вкрстувања и на прецизната испреплетеност
Понекогаш ѕирка во решенијата од минатиот број
и некои квадратчиња намерно ги остава празни
за да му остави на светот прозорци, временски дупки
и да се увери дека дождот со векови ја следи
зададената линија на движење
дека планините отсекогаш наликувале на гради
на некој што се преправа дека е мртов
и дека ништо не е променето
ни начинот на кој ги гаснеме ситните пламени
со плунка на прстите, скоро изгорени

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото