Како „Симпсонови“ предвидуваат баш сè?

13.09.2021 02:08
Како „Симпсонови“ предвидуваат баш сè?

Насмеан седокос човек левитира во челична капсула. Наоколу има неколку тркалезни прозорци и поглед кон бесконечната вселена. Британскиот милијардер Ричард Бренсон ја оствари својата животна желба и неодамна успеа да одлета на работ од вселената. Веќе видено. Седум години порано, во 15-та епизода од 25-та сезона на Симпсонови. Фалсификатор на уметнички дека ѝ ги фали на Лиса своите дела и тврди дека ги ценат луѓе ширум светот. Еден кадар го прикажува Бренсон во бестежинска состојба како ѝ се восхитува на сликата во својот вселенски брод.

Интернетот е полн со настани наводно претходно прикажани во „Симпсонови“, што секогаш не одговара на вистината. Сепак, билансот на остварени предвидувања делува неверојатно. Магазинот „Тајмс“, вклучувајќи го и случајот со британскиот бизнисмен, забележа најмалку 18 моменти кога творецот на серијата Мет Гронинг и неговите соработници ја предвидоа иднината. Уште од првото остварено претскажување и нападот на бенгалскиот тигар на познатиот илузионист Рој (Уве Хорн) во 2003 година, кое е прикажано една деценија порано во серијата.

Како што авторите на „Топ листа надреалиста“ преку сатиричните скечови во осумдесеттите го предвидоа развојот на настаните на просторите на поранешна СФРЈ, и во „Симпсонови“ преку комедијата се закачени политиката, поп културата и секојдневниот живот. На кулминацијата од познавањето на културниот импулс на земјата, па и светот, успеаја да предвидат неколку мошне важни историски настани.

Доналд Трамп во „Симпсонови“ беше претседател на САД. Хомер ја пронајде „божјата честичка“ четиринаесет години пред научниците во 2012 година под швајцарските Алпи, еуфорично да извикнат: „Хигсов бозон!“

Ал Џин, еден од првите сценаристи на „Симпсонови“, откри дека тој и остатокот од екипата го „подесувале“ умот така што ќе размислуваат една година однапред.

Професорот Вилијам Ирвин, автор на книгата „Симпсонови и филозофијата“, која со години се користи како литература на Беркли, анализираше дека „Симпсонови“ се дело на брилијантни умови - повеќето сценаристи и автори се од Харвард. Кога толку паметни луѓе ќе се соберат околу еден проект, се очекува дека ќе погодат некои предвидувања.

Хомеровото „откривање“ на честичката не е обична случајност. Епизодата ја напиша Дејвид Коен, врвен математичар.

„Тоа што тој го прикажа, впрочем беше прифатлива претпоставка“, откри своевремено Ал Џин.

Математичарите од Харвард, Фредерик Мостелер и Перси Дајаконис во својот научен труд за методите за проучување случајности истакнаа дека на доволно голем примерок, а „Симпсонови“ се најдолговечната ТВ серија, може да се случи сешто непредвидено.

Вкупно 32 сезони и повеќе од 700 епизоди. И ќе продолжи...

Превод: Алек Кузмановски

Извор: Nedeljnik

Слични содржини

Свет / Уметност / Филм

ОкоБоли главаВицФото