40 ковид болници изгореле низ светот од почетокот на пандемијата

13.09.2021 11:04
40 ковид болници изгореле низ светот од почетокот на пандемијата

Од почетокот на пандемијата во март 2020, до јуни оваа година се случиле околу 40 инциденти со пожар во ковид центри во различни места низ светот, при што животот го загубиле над 200 лица. Повеќето биле пациенти со корона вирус со тешка клиничка слика.

Инцидент како овој на 8 септември се случиле во Романија, Украина, Египет, Турција, Индија и Русија. Во некои случаи причината била дефект со електриката и поради чистиот кислород била предизвикана експлозија и пожар.

Најголемата трагедија се случи на 24 април оваа година кога во болница во Багдад избувнал пожар во кој настрадале 82 лица а повредени бил над 100 други. Случајот се уште се истражува, локалните медиуми известуваат дека пожарот бил предизвикан од експлозија на резервоар со кислород, а по оваа трагедија министерот за здравство на Ирак си поднесе оставка.

Истражувањето на ЈРЦ (Joint Research Centre, Заедничка европска комисија, Центар за потраги) реализирана во Турција на 19 декември 2020, по избувнувањето пожар во болницата во Газиантеп во кој настрадаа 11 лица, наведува над 20 инциденти со пожари предизвикани во простории богати со кислород низ ковид центрите.

Истражувањето покажува дека овие инциденти се директен резултат од брзото зголемување на употребата на вентилаторот со кислород во болниците поради ширењето на корона вирусот. Концентрираното присуство на кислород во затворен простор, како што е болничка просторија, може да создаде околина збогатена со кислород.

Кислородот не е токсичен но го потпомага пожарот. Содржи околу 21% од атмосферата според обемот. Како и да е, кога концентрацијата надминува 23% може да создаде опасност од поажр. Чистиот кислород реагира на обични материјали како што се масло и масти кои можат да предизвикаат пожари и експлозии кога се под висок притисок.

Други фактори кои допринесуваат во ширење на пожарот се ниските кровови на објектите, градежните материјали кои се лесно запалливи, но и високиот број пациенти на кислородна поддршка во мали простории.

Фотографија: Принтскрин/видео/ТВ21

Извор: mk.tv21.tv

Слични содржини

Општество / Свет / Живот

ОкоБоли главаВицФото