Живи статуи во Скопје на 17 и 18 септември

14.09.2021 14:50
Живи статуи во Скопје на 17 и 18 септември

На 17 и 18 септември, на улица „Македонија“ во Скопје ќе се одржува новото издание на фестивалот „Статуафест“ за живи статуи под мотото „Скопје на улица“. Настаните ќе се одвиваат од 18:30 до 21:30 часот.

Ова е петти јубилеен „Статуафест“ во организација на здружението на граѓани ТимТеатросК – Театроск.

„На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на нашата театарска компанија за улична уметност е да создадеме пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали, доминантно акцентирање на домашната продукција, па дури потоа следува селекцијата на оние артисти кои доаѓаат од другите земји ширум Европа и светот“, стои во најавата.

Некои од артистите се веќе познати, но ќе учествуваат и дебитанти. Темата на овогодинешниот „Статуафест“ следи што прават скопјани во текот на едно деноноќие движејќи се низ улиците на градот, или како што посочуваат организаторите, фестивалот „ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност“.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје, а дополнителна поддршка има и од Театар за деца и младинци.

 

ОкоБоли главаВицФото