Домашните сцени како спектакл

14.09.21 14:47

Мултидисциплинарниот уметник Тиери Мандон (Thierry Mandon) се поставува себе си како главен предмет на неговите сатирични дела, додека чита во креветот опасно закачен на стара зграда или потпивнува вино на преполовен стол. Хумористичните, но истовремено нелагодни дела насловени „Внатре - надвор“ и „Tableau vivant“ откриваат редица осаменички активности, кои прикажани во јавен простор стануваат перформативни спектакли, а не секојдневен момент. Станува збор за „потрага по хармонија и стабилно единство помеѓу луѓето и околината“, вели Мандон. 

„Секое видео прикажува лик, кој како своевиден архетип на поединецот, кој е соочен со неговата човечка состојба, ограничувањата, моќта и немоќта. Овие теми се прикажани во делата во кои секогаш има два елементи, два света изложени во неизвесна рамнотежа“, објаснува Мандон кој живее и работи во Ардеш, Франција. 

Извор: thisiscolossal.com

 

Слични содржини

Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото