Почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

16.09.2021 11:40
Почнува 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Под мотото „И покрај се“ вечерва (16 септември) почнува 42. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со традиционалното доделување на наградите „Златна камера 300“ за животно дело, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

На црвениот килим ќе поминат годинешните учесници и гости на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите на жирито Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц, Димо Попов, бројни филмски работници, претставници на дипломатскиот кор и претседателот, Стево Пендаровски, кој е покровител на фестивалот.

Ова издание на љубителите на филмската уметност ќе им понуди десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски, ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралено со оваа програма, богатство од настани нуди и оф-програмата која почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжи со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима перформанс, изложба на колекционерски винили и ЦД-а...

На 18. септември, (сабота) битолчани и сите љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го гледаат во Битола филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска во продукција на „Кино око“ – првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал. Проекцијата е во Центарот за култура (Голема сала) во 18 часот. 

Директорот на фестивалот, Мони Дамевски со Џослин Пук, една од најпознатите британски композитори, Битола