Хумористични градски знаци

17.09.21 23:15

Своите дела ги потпишува како Мигел Маркез Аутсајд (Miguel Marquez Outside), уметникот Мајкл Педерсон (Michael Pederson) поставува хумористични натписи околу урбаните области кои на прв поглед може да изгледаат како вообичаена табличка или плакат поставена од градот.

Неговите досетливи интервенции и инсталации според дизајнот и поставеноста ги имитираат официјалните предупредувања и известувања. Треба добро да се загледате за да видите дека тие кријат духовити пораки и необична намена.

Во некои од неговите понови дела, Педерсон една клупа ја  именува како „Бескрајна област за чекање“, потоа означува тревна писта како терминал за гулаби и инсталира минијатурна земја на чудата во една одводна цевка. Иако уметникот живее и работи во Сиднеј, Австралија, неговите неочекувани проекти може да се најдат во повеќе градови низ  светот.

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото