Привремена замена на идентитетите

03.01.2011 15:08
Привремена замена на идентитетите

Switcheroo е проект на младата фотографка од Канада која се крие зад блогерското име Sincerely Hana. Во серијата од по две фотографии, Хана ги документира (претпоставуваме) љубовни двојки во нивната секојдневна облека, која потоа истите тие ја заменуваат на втората фотографија.

Оваа забавна серија од навидум двојни портрети на луѓе на нејзините фотографии, освен што е духовита, во одредена мера како да ги испитува нивните меѓусебни односи, сличности и потенцијал во иднината. Дали некои од нив не наликуваат толку многу едни на други, како и дали овие фотографии ќе предизвикаат насмевка (а можеби и нешто повеќе) кај вас, погледнете во продолжение.


Извор: www.sincerelyhana.com

Слични содржини

Фотографија
Фотографија
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото