Мал остров во Њујорк

22.09.21 13:58

Мал остров (Little Island) дизајниран од студиото „Хедервик“ е новата атракција на Њујорк.

Овој јавен парк е полн со зеленило и кривулести патеки и се протега по должината на реката Хадсон. Иако проектот вреден 260 милиони долари започна контроверзно, сега е прв парк што се отвори во градот од почетокот на пандемијата.

Студиото „Хедервик“ се здружи со пејзажната фирма MNLA за да изградат парк на вода. На крајот создадоа простор за релаксација, прошетки и културни настани со фантастичен поглед на градот.

Експресивната структура на островот е поддржана од 280 бетонски столбови, кои се наоѓаат веднаш до преостанатите дрвени столбови на историското пристаниште 54, кои во голема мера се зачувани. Врз овие остатоци дизајнерите подигнале бетонски столбови во форма на лале што се издигаат на различни височини меѓу 4 и 19 метри над реката Хадсон и ја формираат основата на паркот. Обликот на секое лале е уникатен и секој има различна носивост за да ја поддржи проектираната количина на почва, трева, вода и дрвја. На Малиот остров се засадени 350 видови цвеќиња, дрвја и грмушки. Островот има амфитеатар со 687 места, централен плоштад со клупи, продавници за храна, сцена и тревник. 

Извор: The New York Times

ОкоБоли главаВицФото