Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021”

24.09.2021 12:00
Трет меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021”

Во организација на Фото-кино клуб “Козјак” - Куманово, во недела (26 септември), во Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021”. И покрај првично одложеното одржување, програмата на фестивалот останува иста - ќе бидат прикажани 10 кратки филмови во вкупно времетраење од 2 часа и 40 минути.

Од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм официјално селектирани од трочленото жири: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематографер) и Дејан Ангеловски (фотограф).

За фестивалот (планиран да почне во 19 часот) бесплатни билети ќе може да се подигнат пред самиот влез на ден на фестивалот од 18 часот. Публиката во салата ќе може да влегува од 18,30 часот, согласно важечките здравствени протоколи.

Дополнителни детали може да се најдат на следниве адреси: Фејсбук страницата на фестивалот Филмај, како и на настанот за фестивалот.