Морски повев

24.09.2021 15:56

О, ни сласти за тело, ни книги за прочит.
Таму, кај што бранот е пијалак горчлив
за птиците - таму, таму да се појде!
Ни старите градини со отсјајот воден
не ќе запрат срце кон море да се стреми,
ни сјајот на ламбата, во ноќите неми,
врз празниот лист што белината го брани,
ни младата жена што доенче храни.
Ќе појдам! Бродот брз веќе крева котва
кон краиштата што чудеса ни готват!

Досадата, од надеж фрлена во правта,
верува во збогум, во шамиче што мавта!
А можеби тој брод што бурите ги сони
ќе е тој што ветрот кон бродолом го гони,
изгубен, без катарка, без островски сласти...
Но почуј, срце, песна морнарска се гласи!

Превод: Влада Урошевиќ

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото