Да, коњот е Македонија, но не државата туку целото општество

24.09.2021 16:43
Да коњот е Македонија, но не државата туку целото општество.

Просто е за неверување колку многу метафори и одговори за Македонија има во ова видео и случка со, сепак кутриот коњ?! Ќе се обидам да прочитам неколку за да не заминат во галоп а се надевам други ќе прочитаат и раскажат уште повеќе: Да коњот е Македонија, но не државата туку целото општество.

И тоа се движи брзо иако е нерамноправна трка со сите тие возила со вградени многу коњски сили. Има стегнати дизгини и запрежна кола која иако е без товар сигурно многу му зема од силата и тркот. Токму како што општеството ни е заглавено од корупција и нефункционалност. Сите видовме дека трча во спротивен правец а ретко некој дека всушност е во погрешно место воопшто. Што бара тој на автопат?! Токму како партиите во државните органи и администрација. Ги гледаме само кога влечат на спротивно а не дека од почеток нема што да бараат таму воопшто?!

Државата функционира и има вредни и идеалисти во неа како во првата полициска кола, но споро и малку трапаво. Тоа го видовме по полицијата која стигна релативно брзо и се постави на соодветна лента за решавање на проблемот, но многу доцнеше помошта од другите полицајци. Луѓето, токму како во земјата различни: од радикалци кои извикуваа "метак" па се до идеалисти кои сами на сред автопат сакаа да го дофатат коњот или колата! Преку најмногу, сеирџии кои гледаа, некои мирно, некои со снимање. Имаше и такви кои не се чудеа на ништо или не гледаа ништо него само својата прилика, како камионџиите на кои ете им дошол часот да претекнуваат автомобили или автобуси.

Има уште многу во ова видео на годината, но јас не знам зошто очекував да излезе некој да му ги исече дизгините и да го ослободи коњот од запрежната кола. Кога не се решава проблемот тогаш да го ослободи причинителот на проблемот, нешто што не ретко е случај во земјата и се си мислев дека коњот ќе застане само во патарина иако не знаев каде и кога во патот е тоа. Тоа заради фактот дека нефункционална и затната држава всушност само може да го затне и заглави општеството...

 

ОкоБоли главаВицФото