Фестивал Друга приказна #6: Сликата е нема песна, а песната е слепа слика

24.09.2021 20:34
Фестивал Друга приказна #6: Сликата е нема песна, а песната е слепа слика


Книжевен фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА #6

тема: СЛИКОВНИЦИ

1 и 2 октомври од 18 до 21 часот, Пионерски дом Карпош, Скопје


На 1 и 2 октомври во Пионерскиот дом „Карпош“ по шести пат ќе се одржи книжевниот фестивал Друга приказна.

Георги Господинов, писател од Бугарија, е шестиот добитник на главната награда на фестивалот. Досегашни добитници се Давид Албахари, Влада Урошевиќ, Оља Савичевиќ Иванчевивиќ, Ненад Величковиќ и Јана Бауер.

Поднасловот на регионалниот книжевен фестивал Друга приказна е „мали фикции“.Фестивалот настојува да ги афирмира експерименталните книжевни форми и средбите на книжевноста со другите медиуми.

Тема на овогодинешниот фестивал се СЛИКОВНИЦИТЕ, а мото е славната реченица на Леонардо да Винчи: Сликата е нема песна, а песната е слепа слика.

 

ПРОГРАМА
1 октомври, петок

18 ч. - Промоција на Маргина 93; изложба на седум илустратор(к)и застапени во Маргина: Ване Костуранов, Александар Иванов, Инес Ефремова, Катерина Николовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ристо Аврамовски и Душица Димитровска;

18.30. - Видео обраќање на Георги Господинов, лауретот на овогодинешниот фестивал;
- Господинов ја чита омилената сликовница;

19.30. - Читање на омилените сликовници; учествуваат: Ана Голејшка Џикова, Никола Гелевски, Срѓан Јаниќиевиќ, Јана Јакимовска, Исток Улчар, Ѓорѓе Јовановиќ, Ангела Стојановска, Драгана Костадиновска, Амернис Нокшиќи...


2 октомври, сабота

18 ч.- Промоција на новата едиција сликовници, „Старо купувам“;
- Сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова прикажана како Камишибаи претстава;

19.00. Три Темплум видео сликовници: Мојот чадор може да е и балон; Морис; Мачки и глувци наопачки;

20.00. Разговор за илустрацијата во Македонија; учествуваат Инес Ефремова, Софија Семенпеева, Ладислав Цветковски, Никола Гелевски...

На фестивалот ќе се продаваат сликовници од неколку издавачки куќи

Дизајн на постер: Марија Смилевска

Фестивалот е финансиски поддржан од Град Скопје

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Култура
Фотографија / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото