Дали Заев навистина не прави разлика меѓу бугарска фашистичка окупаторска власт и бугарски народ?

27.09.2021 12:58

Дали Заев навистина не прави разлика меѓу бугарска фашистичка окупаторска власт и бугарски народ кога инсистира дека не биле сите Бугари фашисти. И сега сите Бугари не ѝ мислат лошо на Македонија. Ама нивната власт, нивната држава Бугарија ѝ прави огромно зло на Македонија. И двете вета за ЕУ ќе бидат запишани во историја.
...

Не сум ни мислел дека сите Бугари биле фашисти. И не дошле сите Бугари да ја окупираат Македонија во 1941. Ама ние не ја судиме етничноста. Ја судиме тогашната држава Бугарија. Таа држава имала цар што се сликал со Хитлер, имала премиер што бил симпатизер на нацистите и влада што била фашистичка, имала војска што ја окупирала Македонија и имала администрација што тука вовела фашистички режим. Таа војска и таа администрација тука правела зулуми. И тие зулуми се опеани во песни, запишани во литературата и овековечени по споменици.

Горан Михајловски, СДК, 25.09.21.