Да се биде жена - фотографии

27.09.21 13:06

Либанско-американската фотографка Раниа Матар (Rania Matar) е позната по нејзините интимни портрети на жени. Таа особео се фокусира на младите жени во САД и нејзиниот роден Либан, креирајќи наративи кои ја покажуваат нивната сила, убавина и независност. Нејзината последна фотографска книга „Таа“ (2019) прикажува девојки на прагот на зрелоста, „подготвени да го освојуваат светот“, како што вели авторката.

Импресивна е вештината на Матар да воспостави длабоки односи со своите субјекти, од кои некои ги фотографирала со години, а други  штотуку ги запознала.  А уште повеќе е фасцинантна нејзината способност  овие жени од сите форми, големини и етникуми да ги прикаже во нивната природна средина, па околината станува втор протагонист на овие портрети, на моменти се спојува со жената, а во други, помага да се обликува нарацијата.

Раниа Матар

Извор: mymodernmet.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото