Почина Драган Попоски-Дада, доајен на македонското вајарство

27.09.2021 23:35
Почина Драган Попоски-Дада, доајен на македонската скулптура

Доајенот на македонската скулптура Драган Попоски-Дада почина денес на 88 години, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Роден е во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска, САД.

Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”.

Ликовните критичари велат дека уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада е долг, со повеќе развојни творечки етапи.

“Неговите облиците имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацитивност. Од друга страна, пак, неговите фигури се исто така суптилно стилизирани, со монументално чувство во внимателното градење на односот на масите”, велат од Националната галерија на Македонија.

Неговата последна изложба се одржа во 2018 година во Даут пашин амам.

 

Фотографија: Независен весник

ОкоБоли главаВицФото