Папирус

28.09.2021 09:05

Во египетскиот оддел на музејот во Берлин најдолго останав пред еден папирус од XV век пред Христос. Ништо особено на него – ниту летопис на битка, ниту сеќавање за некој владетел, ниту послание за потомците. Еден човек го учи неговиот син да пишува хиероглифи и му ги поправа грешките со црвено мастило. Тоа е сè. Се чувствував небаре времето е куќа и јас ѕиркам низ прозорецот за да ја видам таа сцена пред 35 века – татко и син стојат над еден папирус и пишуваат.

Фуснота
Се сетив како 3500 години подоцна (XX век по Христа) мајка ми погледнуваше во моите тетратки, поправаше нешто и ми велеше: „Ништо не се разбира, исто како да пишуваш со хиероглифи“.

Превод: Душко Крстевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Книжевност / Настан

ОкоБоли главаВицФото