Десничари што им се восхитуваат на талибанците

02.10.2021 04:22
Десничари што им се восхитуваат на талибанците

Кога во август талибанците дел по дел го освојуваа Авганистан, една десничарска група покрена профил на Твитер на кој се славеше напредувањето на талибанците. Твитовите напишани на јазикот пашто, меѓу останатото прикажуваа слика од двајца талибански војници кои им се смеат на американските слабаци. Во друг твит на лош англиски јазик пишувало: „Либерализмот не пропадна во Авганистан заради Авганистан, туку затоа што не е вистински. Тој пропадна во Америка, а Европа и светот тоа го гледаат“.

Сега овој профил е суспендиран, но сеедно претставува пример на отворено восхитување на талибанците кое се појавилo во дел на американската десница. Влијателниот бел супрематист, Ник Фуентес, на апликацијата Телеграм напиша: „Талибанците се конзервативна верска сила, а Америка е безбожна и либерална. Поразот на американската влада во Авганистан несомнено е позитивен настан“.

„Крајната десница, алт-десницата, сите тие некако се воодушевија од тоа што талибанците толку лесно го освоија Авганистан, додека ние страдаме под американскиот претседател“, вели Мустафа Ајад, извршен директор за Африка, Блиски исток и Азија на Институтот за дијалог, тинк тенк посветен на борбата против насилниот екстремизам.

Ова е првпат американските десничарски екстремисти да најдат инспирација во муслиманските милитанти; неколкумина бели супрематисти ги поздравиле нападите на Ал Каеда од 11 септември, пред две децении. Но разликата е во тоа што сега десницата е многу посилна и што се намали разликата помеѓу десничарите што навиваат за талибанците и конзервативните центри на моќ.

Републиканецот од Флорида, Мет Гец е конгресмен што беше многу близок со поранешниот претседател. НА Твитер, Гец навел дека „талибанците исто како и Доналд Трамп се полегитимни од поранешната власт во Авганистан или сегашната власт во Америка“.

Пред дваесет години, по 11 септември, Соединетите држави тргнаа во војна која ќе ја претстават како војна за демократија. Тогаш либералната демократија беше речиси универзално воздигнувана во Америка, што е и една од причините за нашето убедување дека имаме право да ја извезуваме и со сила. Многумина, особено на страната на десницата беа загрижени заради заканата што ја претставуваше џихадизмот за модерното, отворено општество. На почетокот на ова патување, најжестоките гласови од десно повикуваа на војна со исламизмот. На крајот на патувањето, десницата им завидува на исламистите.

Пред стротните терористички напади врз Кабул во август, годинава, меѓу националистичките конзервативци постоеше малку посуптилен облик на задоволство заради талибанското преземање на власта. Тие не можат да го поддржат варварството, но им беше драго што губи либералниот интернационализам.

„Понижувањето на Авганистан ќе вреди доколку тоа ја раздвижи старата парадигма и дозволи да се појават некои нови ставови“, напиша на Твитер, Јорам Хазони, влијателен националистички интелектуалец. Која стара парадигма? Па, два дена подоцна тој напиша: „Она што беше погрешно во Ирак и во Авганистан беа идеите на луѓето што одлучуваа за сè. Да го наречеме тоа со вистинското име: либерализам“.

Такер Карлсон од „Фокс“, веројатно најзначајниот националистички глас во Америка, изгледа дека се согласуваше со татковинските политики на Авганистанците кои ги поддржуваа талибанците. „Тие не ја мразат споствената машкост“, рече брзо откако падна Кабул. „Тие не мислат дека маскулинитетот е токсичен. Нив им се допаѓа патријахатот. И на некои жени им се допаѓа. Затоа сега го враќаат. Можно е дека крахиравме во Авганистан затоа што целата неолиберална програма всушност е гротескна“.

Се покажува дека секогаш кога амерканската влада ја користи либералната демократија за да оправда некоја војна, либералната демократија може и да ја изгуби таа војна. Во својата нова книга „Владеење на стравот“ (Reign of Terror), Спенсер Акерман повлекува директна линија помеѓу војните што ги поведе Америка по 11 септември и подемот на Доналд Трамп.

„Од безбедна дистанца Трамп можеше да ја артикулира реалноста на војната со тоа што го резимираше она што најмногу ги навредуваше десничарите – понижувањето“, напиша тој. Понижувањето е непостојана емоција. Многумина пишувале за улогата на понижувањето во мотивирањето на Ал Каеда. Можеби и не е чудно што делови од десницата одговараат на понижувањето со индентификација со сликите на брутален маскулинитет.

„Најдовме многу содржини на американските сајтови, кои се на екстремната десница во кои пишува дека победата на талибанците е добра и дека им помага“, вели Адам Хедли, директор на проектот на Обединетите нации „Технологија против тероризам“, кој ги следи екстремистите на Интернет.


Извор: The New York Times