Фотографии од првиот ден на Друга приказна #6

02.10.21 13:58

Фестивалот „Друга приказна“ започна со промоција на новиот број на списанието Маргина #93, посветен на сликовниците. Притоа беше отворена изложбата на седум македонски современи илустратор(к)и, застапени и во списанието: Ване Костуранов, Александар Иванов, Инес Ефремова, Катерина Николовска, Ѓорѓе Јовановиќ, Ристо Аврамовски и Душица Димитровска.

Исток Улчар ја прочита необичната германска сликовница од 1906 година, Кукленото Село.

Проследивме и видео обраќање на Георги Господинов, лауретот на овогодинешниот фестивал, а потоа Господинов ја прочита својата омилената сликовница, како увод во читањето на омилените сликовници на уште осум учесници на фестивалот: Ана Голејшка Џикова, Никола Гелевски, Срѓан Јаниќиевиќ, Јана Јакимовска, Драгана Костадиновска, Амернис Нокшиќи, Ѓорѓе Јовановиќ и Ангела Стојановска.

Настанот се случи во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје.

Денес на истата локација, од 17.30 до 20 часот ќе се одржи вториот и завршен дел на фестивалот „Друга приказна“.

Фотографии: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото